Пејачката Катарина Живковиќ, која јавноста ја запозна преку музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ и учеството во реалното шоу „Фарма“, во кое и победи, вели дека таа е секогаш во финансиски проблеми, но редовно ги отплаќа долговите.
Иако многу работи, пејачката вели дека постојано има проблеми со финансиите.
„Никогаш нема да кажам дека сум во добра финансиска состојба, секогаш ги трошам парите и постојано сум во неволја“ – вели Живковиќ и додава:
„Кога ќе ги потрошам моите пари, контактирам со моите соработници. Многу работиме, па се разбира, тоа што ќе го позајмам им го надоместувам. Нормално е да се позајми, па сите луѓе така функционираат.
Инаку, соседството на Катарина Живковиќ, вели дека таа е многу убава и љубезна девојка, а Каќа открива зошто не летнала со умот, како многу нејзини колешкии, туку цврсто стои на нозе.
„Ако сум јавна личност, ако сум ѕвезда, тоа не значи дека треба да бидам вообразена и ѓубре кон луѓето“ – објаснува пејачката.