Фотографиите од раскошниот прстен кој го носи саканата на Роналдо и честите одења во црква, беа доволен повод за јавноста да заклучи дека најпосакуваниот ерген на планетата најпосле ќе застане пред олтар.
Се шушкаше дека младата манекенка веќе пробува венчаници и дека фудбалскиот ас се подготвува да одвои милиони евра за свадбата, а тогаш тој реши да стави точка на сите гласини.
View this post on Instagram
-Уште ништо од венчавка. Сега се објаснив и ги прекинав шпекулациите кои се појавија. Имено, папараците ме видоа во црква и веднаш помислија дека се подготвувам за венчавка со својата Георгина. Тоа не е вистина. Кој знае што ќе донесе иднината, но засега ништо од тоа, вели тој и додава дека оди во црква бидејќи е верник:
View this post on Instagram
-Едноставно, јас сум католик, секоја недела одам во црква за да му заблагодарам на бог на силата која ми ја дава, му се заблагодарувам за се што имам во животот, се молам да го заштити моето семејство и пријателите. Секоја недела одам во друга црква бидејќи во Торино има многи, вели Кристијано Роналдо за италијанскиот La Gazzetta dello Sport.
foto:GULIVER/GETTY, INSTAGRAM…