Радио Милева доста е со глупости

Македонските јавни фаци на Дедо Мраз и бајката им ја расплакаа мајката: Може нема полесен, ама сигурно има поубав начин за реклама!

Македонските јавни фаци на Дедо Мраз и бајката им ја расплакаа мајката: Може нема полесен, ама сигурно има поубав начин за реклама!

Периодот за и околу Нова година е веројатно еден од најубавите во годината. За сите, а особено за децата. Бајката за Дедо Мраз и новогодишната магија го прават нивниот свет волшебен, боејќи го во илјадници бои  секојдневното сивило на реалноста во која живеат!

Истото тоа, помалку или повеќе важи и за возрасните, само што нивниата магија ја уриваат секојдневните проблеми, бремето на секојдневното живеење, ама како тргнале, магијата и на возрасните и на децата почнаа да им ја уриваат и некои од македонските јавни фаци! А еве и зошто и како!

Во трката по пари, остварена преку задничката соработка на познатите со одредени спонзори и нивните брендови, децата, а особено возрасните стануваат колатерална штета. Веројатно несвесно, но сакајќи да се истакне брендот или компанијата која ја рекламираат, познатите фаци нивните слогани ги поврзаа со Нова Година и Дедо Мраз, на штета на бајката и најпосакуваниот дедо на светот… Конечно, на штета на клиентите и децата. При тоа без да размислат дека сакајќи да го издигнат спонзорот, го уриваат митот…  Некому и тешко заработениот и веќе испланиран семеен буџет, а на децата магијата и неможноста Дедо мраз ( читај: родителите) да им ги исполни желбите.

Така Лила Стојановска на пример, во својата реклама за парични позајмици или брзи кредити, со својата лавина од желби пренесувајќи му ја на Дедо Мраз (за кого замена во релноста се родителите) праќа јасна порака дека една желба –  не е доволна!  А кога Дедо Мраз инсистира дека може да и исполни само една, таа возвраќа: „Доста е со глупости“… што можеби е слоганот на брендот кој го рекламира… Ама, ако подобро размислите, „глупо(ст)“ е и од Дедо Мраз да се бара и наведува да ви исполни „еден тон“ желби… Ниту митот  и бајката за него се такви, ниту во реалноста тоа  економски е изводливо. Не барем за повеќето родители кај нас… А и да е – не е едукативно и воспитно децата да се размазуваат и учат на расипништво. Каков што пример дава нивниот слоган: „Со Дедо Мраз само ЕДНА желба… а со… (нив) – СИТЕ!“

Милена Антовска Станковска пак, однеодамна рекламира еден бренд за пижами, ноќници, наметки, долна облека… па не ги соблече пижамите од себе. Уште во емисија со гледачите што не ги „сподели“. И ОК, нејзино право, можеби таков и е договорот. Ама да тврдиш дека се подобри и од Дедо Мраз…?

Баш не интересира кога ќе дојде ред да се рекламираат останатите производи од нивниот асортиман:  гаќичките, градниците, килотите, чорапите, жартиерите… од кого тогаш ќе бидат „подобри“?

И не се само овие два примери. Нив ги зедовме само како случајни.  Затоа, што е многу – многу е.

На Дедо Мраз и бајката им ја расплакавте мајката. Може нема полесен, ама сигурно има поубав и покултурен начин за реклама! Ако е така, тогаш:  „Доста е веќе со глупости“… Или тоа беше само рекламен слоган!?

 

To top