Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ на предавање во црква во Задар зборувала за болката која ја преживувала како позната личност додека нејзината сестра била болна.
Кон крајот на минатиот месец, Данијела го одржала своето легитимно предавање на тема „Патиштата на една молитва“.
Имено, Данијела на предавањето зборувала за болката која ја чувствувала за својата сестра, додека пак, Изабела била изненадена што сестра и’ на предавање зборувала за нејзината болест.
-Паѓам од Марс. Мислев дека Данијела е во Задар за да зборува за свои работи. Немам појма, ништо не знам за тоа. Јас и Данијела немавме никаков договор, вели сестрата на познатата пејачка.
Изабела додава и дека не знаела дека сестра и’ ќе зборува за таа тема ниту кој го организира предавањето.
-Пред се, јас лично не сакам да зборувам за некои теми во медиумите, а камоли тоа да го прави некој друг. Данијела секогаш беше против тоа и коментираше дека зошто повеќе да давам изјави за својата некогашна болест, кога тоа не е важно. Ми даваше совети дека е непотребно да се зборува за болест во медиумите и дека кога новинарите ќе ме прашаат за тоа, треба да ја стопирам приказната, додава Изабела Мартиновиќ.