Клои Кардашијан и нејзината полусестра Кајли Џенер сакаат повторно да забременат во исто време, како што тоа беше случај со првите ќерки. Клои пред седум месеци стана мајка на малата Тру, додека Кајли само три месеци претходно ја роди ќерката Сторми.
Извор близок до семејството за порталот Entertainment Tonight открива дека Клои и Кајли едвај чекаат да родат по уште едно дете.
-Клои никогаш не била посреќна. Го сакаше ова дете повеќе од се на светот и покажа дека мајчинството и лежи подобро отколку што очекуваше, вели изворот.
-Нејзината врска со Тристан моментално е во ред. Поминаа низ тежок период, но си дадоа уште една прилика. Со оглед на тоа дека роди доцна на 34 години, не сака да губи време за да донесе уште едно бебе на свет, додава изворот.
Така и нејзината сестра Кајли едвај чека второ дете со Травис Скот.
-Кајли и Тревид чекаат тој да ја заврши турнејата пред да зачнат друго бебе, бидејќи сакаат децата да немаат голема разлика во годините, открива пријателот на семејството.
foto:GULIVER/GETTY/SPLASH…