Сури Круз(13) повеќе не е малечко девојченце, но се уште се забавува од срце, особено кога е во друштво на другарки.
Добра забава на девојчињата не им недостасуваше ниту изминатиот петок на традиционалниот концерт „Jingle Ball“ во Њујорк, на кој Сури се појави со мајка си Кејти Холмс и пријателки.
Минатата година славните мајка и ќерка на оваа манифестација застанаа на сцената и го најавија настапот на Тејлор Свифт, а дека и оваа година не ја пропшутија забавата, говори насмевката на Сури на ова музичко случување.
Сури Круз, ќерката на актерот Том Круз и Кејти Холмс порасна во девојка која многу личи на мајка си.
Со неа го помина најголемиот дел од детството, со оглед дека Том го гледаше ретко, откако во 2012 година двојката се раздели.
foto:GULIVER/GETTY…