Српскиот пејач Дарко Лазиќ кој е секојдневна тема во регионалните медиуми пради страшната сообраќајка од која заврши со тешки порвреди, по 47 дена со помош на патерици и тимот лекари, успеа да ги направи првите чекори, пишуваат српските медиуми.
Имено, Дарко е често во сала каде применува физикална терапија, а успеал да застане на нозе по неколкудневниот болнички третман.
Лекарите сметаат дека мускулите му зацврстуваат и е подготвен за успешно закрепнување.
-Дарко денес за првпат по сообраќајката направи неколку чекори со помош на патерици. Почна да вежба и применува електротерапија, вели за српски Блиц докторот Милош Полексиќ.