Радио Милева

По шпекулациите за развод и спонтан абортус, сега Северина наводно е бремена

По шпекулациите за развод и спонтан абортус, сега Северина наводно е бремена

Северина Којиќ е бремена, тврди нејзин пријател. Поп ѕвездата ги откажала сите настапи, а не се појави ниту на концерот на својот свекор Кеба пред една недела. И фолкерот ги подгреја гласините, велејќи дека наскоро ќе пее на прославата на внукот.

-Сигурен сум дека Северина и Игор го чекаат своето прво дете, но тоа го кријат од јавноста. Тоа го кажаа само на семејството. Одеднаш таа ги откажа концертите, а не беше ниту на концерот на Кеба. Се правдаше дека е поради настинка, но никој не поверува дека поради тоа го пропушти концертот. Знаеме дека отиде во Америка на клиника за лечење стерилитет и таму лекарите очигледно и помогнаа да забремени- открива пријателот и додава дека е логично што пејачката со оглед на тоа дека има 46 години, сака првите месеци од бременоста да ги помине без напор и стрес.

 

View this post on Instagram

 

22.11. Ti ❤️… i naše godine tri #kuma #soon #newalbum #HALO #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on


Кеба на прашањето дали Севе поради бременост не се појавила на неговиот концерт, тој вели:

-Дај Боже наскоро да пеам на прославата за раѓањето на внук. Ќе се случи тоа, ќе биде Северина гостинка на некој друг мој концерт. Таа има оправдана причина поради која не се појави и не и забележувам. Се слушаме секој ден и се е во ред, порачува фолкерот.

Инаку, медиумите од регионот откако Северина е во брак со Игор напишаа многу шпекулации. Последната беше дека пејачката се разведува од синот на Кеба, а претходно се пишуваше дека е бремена, па го изгубила бебето во спонтан абортус.

To top