Поп-пејачите од домашната сцена се собраа на едно место, во студио, каде ја снимија божиќната песна. Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, Мартин и Стефан од „Некст Тајм“, Викторија Лоба, Влатко Лозаноски, Димитар Андоновски се само дел од екипата која пред новогодишните празници реши да ја раскаже приказната за Божиќ. За ова тие се пофалија и на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од снимањето.