Радио Милева

Нов скандал во кралското семејство: Меган Маркл ја избрка личноста во која кралицата Елизабета најмногу веруваше

Нов скандал во кралското семејство: Меган Маркл ја избрка личноста во која кралицата Елизабета најмногу веруваше

Личната асистентка на Меган Маркл и принцот Хари моментлно го обработува својот отказен рок и од својата позиција ќе си замине кога ќе се роди нивното прво дете.

50 годишната Саманта Коен е една од најважните личности од вработените на Меган и Хари, а со нејзиното заминување се зголемија гласините дека војвотката од Сасекс е личност со која тешко се соработува.

Саманта е сопруга на стоматолог, родена и пораснала во Австралија. Првта работа во палатата ја добила во 2011 година.

Откако, асистентката Милиса даде отказ, ова е втора вработена како си заминува од кралската палата.

Инаку, Саманта е личност од најголема доверба на кралицата Елизабета, а со кралското семејство поминала 17 години.

Работата ја добила така што се пријавила на огласот кој го објавил кралската палата. Во 2003 година станала заменик на ПР-от, а четири години подоцна станала прва жена на таа позиција.

Дека била важна за кралското семејство потврдува и фактот дека таа беше на кралската венчавка во мај, а наводно таа и помогнала на Меган Маркл во првото појавување како член на кралското семејство.

To top