Ќерката на српската фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, преку социјалните мрежи ги воодушеви оние што ја следат.
Цеца се труди својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, а еден детаљ успеа да дојде до повеќето.
Имено, нејзината ќерка Анастасија откри чија фотографија таа ја чува до креветот и ја гледа прво кога ќе ги отвори очите. Во прашање е всушност фотографија од Анастасија кога била малечка.
-Бебе Анастасија. Мојата мајка ја чува оваа фотографија на масичката покрај креветот, напиша Анастасија и ги разнежни своите следбеници.