Веќе пишувавме дека ТВ водителката на Канал 5, Јелена Спенџарска однеодамна стана заштитно лице на еден познат македонски бренд за пижами, ноќници, долна облека, костими за капење, хулахопки… наследувајќи ја пејачката Викторија Лоба која претходно беше нивниот „бренд амбасадор“.
Соработката на водителката и брендот започна со фотосесијата на водителката во пижами, која ја правеше познатиот уметнички фотограф и видеорежисер Дарио Јанковиќ.
Арно ама последните секси фотографии и куси видеа што се појавија викендов на социјалните мрежи открија нешто друго.
Имено, ако претходно Лоба на брендот му беше „девојка за се’“, односно лице за комплетниот асортиман, овој пат тие решија да си ги разграничат работите. По кој критериум – тие најдобро си знаат, па така Спенџарска (о)стана да биде лицето за рекламирање пижами, а долната облека заврши кај Лила Стојановска. Или поточно, таа заврши облечена во нивната долна облека, на новата фотосесија со стариот фото и видеомајстор.
Неколку жешки фотографии и едно-две куси видеа, во кои Лила облечена во еден-две секси комплетчиња долна облека на брендот, само ја подгреваат и онака жешката атмосфера и тоа тоа по два основа…
Како прво, сите едвај чекаат да го видат комплетниот фото и видео серијал во кој Лила со својот секси изглед ги буди сите сетила ставајќи ја возбудата на максимум…
…А како второ, веројатно газдите и менаџментот на брендот дефинитивнмо одлучиле да ги раздвојат работите: Кој(а) е за во секси боди, килоти и тантела, а кој(а) од двете ТВ дами за во пижами! Се разбира, со сиот должен респект кон обете!
View this post on Instagram
Клиентите веројатно со нетрпение ќе чекаат да дознаат, која од нив ќе ги облече чорапите и хулахопките, а која костимите за капење на брендот? Или за нив ќе има трета, четврта… позната македонска дама од јавниот и естрадниот живот?
View this post on Instagram