Иако тие се многу хармоничен и среќен брачен пар, се чини дека светскиот рекет број еден има свои црвени линии.
Јелена Ѓоковиќ објави фотографија со својот сопруг Новак и откри сочен детал за тенисерот: Со што најмногу таа може да го „извади од патики“, односно изнервира?
Имено, тој не е секогаш воодушевен од фактот дека треба да се фотографира, а една слика направена на Малдиви е идеален пример за ова.
Во една пригода Јелена направила селфи од нив двајцата, на кое Новак изгледа сосема збунет и незаинтересиран.
„Моето лице: чиста среќа. Неговото: среќа со блага иритација што го расипувам моментот да не фотографирам“ – напишала Јелена со што ги изненади сите, но, исто така и ги насмеа со објавата.
Фото: Профимедиа/принтскрин Инстаграм