Иако останаа четири месеци до престижната манифестација „Оскар“, кога најдобрите во филмската индустрија ќе бидат наградени со најпрестижната награда, веќе се полемизира околу се и сешто, но една работа е сигурна- кој ќе биде водител.
Актерот Кевин Харт ја доби приликата да биде водител на следното доделување на „Оскар“ што е нешто кое тој долго го посакуваше.
Веќе долги години ме прашуваат дали некогаш ќе бидам домаќин и мојот одговор секогаш е ист. Реков дека тоа би била единствена животна прилика за мене како комичар и дека ќе се случи кога треба. Ова отсекогаш беше на мојата листа на цели. Неверојатно ми е дека ќе се приклучам на листата на водители кои ја красеа сцената. Знам дека мојата мајка се смее од уво до уво, изјавува Харт.
Наредното, 91 доделување на „Оскар“ ќе се одржи на 24-ти февруари следната година и би требало да трае само три часа, а некои награди веројатно ќе бидат доделени за време на рекламниот блок за да биде пократко.