Младата талентирана пејачка која своите „5 минути“ слава ги имаше на домашниот музички натпревар „Кастинг Талент Шоу“ во чест на нашата легенда Тоше Проески, својата кариера ја продолжува како дел од музичкиот состав ДаКапо Бенд.
Со четвртиот по ред студиски проект кој опфаќа преработки на голем број македонски и странски хитови, бендот го промовира својот нов вокал и успешно ја затвора тековната 2018 година.
Музичкиот состав „ДаКапо Бенд“ на македонската естрада успешно функционира од 2015 година, а го сочинуваат седум врвни музичари: Љупка Арсовска (вокал), Васко Спасов (вокал), Влатко Ѓорчев (кларинет и саксофон), Горан Костадинов (клавијатура), Тодор Ушитков (клавијатура), Никола Давчев (ударни инструменти) и Стефан Илиев (труба).
https://www.youtube.com/watch?v=4iZNVDRTfY4