Радио Милева ќе полага одново

На Дарко Лазиќ трајно ќе му ја одземат возачката дозвола

На Дарко Лазиќ трајно ќе му ја одземат возачката дозвола

Законот за сообраќај во Србија предвидува дека по собрани 18 казнени поени следува одземање на возачката дозвола. На Дарко Лазиќ кој во моментов е во процес на третман на рехабилитација во бањата во Младеновац, според ова, возачката во наредната година ќе му биде трајно одземена. За да добие нова, тој ќе мора повторно да аплицира и поднесе барање за нова, односно да полага одново.

Од 2013 година, за Дарко има околу 12 прекршочни извештаи и исто толку пријави и сите се најчесто слични. Повеќето од прекршоците се за брзо возење и возење без возачка дозвола, што е една од најголемите казни во сообраќајот во Србија. Мал процент се оние за неправилно паркирање, а дури има и едназашто не сакал да открие кој го возел автомобилот регистриран на негово име, кој поминал на црвено светло. Дарко возел во неколку наврати и нерегистриран автомобил и без соодветна сообраќајна дозвола – вели извор за српските портали.

Дарко откако ќе остане без дозвола ќе може да аплицира за нова, но ќе мора повторно да полага тестови. Сепак и ова, само откако сите забрани претходно ќе бидат истечени!

To top