Дарко Јефремов е младо момче од Македонија кое заедно со своето семејство живее во Америка.
Тој е возач на камион, а на своите профили на социјалните мрежи постојано ги зголемува следбениците, особено откако направи пародија на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија, кое тој го наслови „Камионџија шоу“.
Па така, видеото на Дарко стана вирално, а во истото на „тапет“ е изгледот на Сергеј кој камионџијата го коментира на свој начин.
View this post on Instagram
Повеќето следбеници му порачаа дека е оригинален, но се најдоа и такви кои застанаа во одбрана на Варошлија.
Иако камионџијата го означи и Сергеј, тој засега се уште не се огласил. Погледнете за што станува збор: