Турскиот актер Муса Узунлар, македонските љубители имаат можност да го гледаат во актуелната серија „Мојот син“, но претходно го запознаа од серијата „Долината на волците“.
Иако најчесто има улога на негативец, Муса сепак е еден од омилените и најхаризматичните турски актери, а иако не е од помладата генерација, тој користи социјални мрежи и е доста активен.
Оттаму може да се види дека татко Бахри го бидува не само за актерство, туку и за свирење гитара и шминкање – нешто за кое веројатно не ни претпоставувавте дека би можел да го прави токму тој.
Еве како изгледа во едно поинакво светло прочуениот татко Бахри.