Мегафон

„Филмови што значат“ од 4 до 16 декември во пет градови низ Македонија

„Филмови што значат“ од 4 до 16 декември во пет градови низ Македонија

Од 4 до 16 декември, Младинскиот образовен форум во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија, го организираат „Филмови што значат“ (Movies That Matter), филмски фестивал за документарен филм чија цел е одбележување на Меѓународниот ден на човековите права – 10 декември.

Филмските проекции ќе се одржат во пет града: Велес, Тетово, Скопје, Куманово и Битола. Трите филмови кои ќе се прикажуваат се: „Џошуа: Тинејџер против супермоќта“ (Joshua: Teenager vs. Superpower), „Нешто мое: Украдените деца на Аргентина“ (Algo Mio, Argentina’s Stolen Children) и„Трагачи по вистината“ (Truth Detectives).

По секоја филмска проекција ќе следува дискусија. Филмовите се со превод на англиски јазик. Влезот на сите настани е бесплатен.

ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ:

Велес – 19.00 часот/ 4 декември/ Локалната библиотека „Гоце Делчев“ (Медиотека)

Филм: „Џошуа: Тинејџер против супермоќта“ (78 минути), режија: Џо Пискатела, САД

Тетово – 19.00 часот/ 5 декември/ Центар за балканска соработка Лоја

Филм: „Нешто мое: Украдените деца на Аргентина“ (93 минути), режија: Џени Хелман и Реџина Мениг, Германија

Скопје – 18.00 часот/ 10 декември/ Кафе и филм Котур

Филмoви:

18.00 ч – „Детективи на вистината“ (52 минути), режија: Ања Рајс, Германија

19.00 ч  – „Џошуа: Тинејџер против супермоќта“ (78 минути), режија: Џо Пискатела, САД

20.30 ч – Дискусија

21.30 ч – „Нешто мое: Украдените деца на Аргентина“ (93 минути), режија: Џени Хелман и Реџина Мениг, Германија

Куманово – 19.00 часот/13 декември/ Младински центар MultiКулти

Филм: „Џошуа: Тинејџер против супермоќта“ (78 минути), режија: Џо Пискатела, САД

Битола – 19.00 часот/16 декември/ НУ Центар за култура Битола – Мала сала

Филм: „Нешто мое: Украдените деца на Аргентина“ (93 минути), режија: Џени Хелман и Реџина Мениг, Германија

To top