Што ти е да си популарен, а патем да те следат илјадници љубопитни душегрижници на социјалните мрежи. Не дека таквата состојба не ти го „тинтра“ егото, ама понекогаш може да предизвика и збунувачка непријатност, па да те доведе до ситуација да се правдаш, објаснуваш и ги молиш другите да направат непшто што и самите не можат да го направат кога сакаат, за да се разјасни забуната…
Токму тоа и се случи на водителката на „Бекстејџ“ Миа Костова.
Имено, како што веќе објавивме Тамара Тодевска броејќи ги последните денови пред породувањето со своето второ дете, се фотографиораше во слободна поза со разголено трудничко стомаче.
Разбирливо, фотографијата осамна на социјалните мрежи, а истите беа поплавени со коментари. Ама, за да биде возбудата поголема, а заплетот покомплициран, колку коментари стигнаа кај Тамара, толку стигнаа и кај Миа Костова. Или поточно, како што самата вели: „Ме потепаа во инбокс загрижени познаници…“, а еве и зошто.
На една од постираните трудничко-разголени фотографии Тамара толку личи на Миа, што ако добро не ги загледаш, ќе мислиш дека или водителката е по втор пат бремена или некој си играл Фотошоп. Или едноставно кажано, сличноста на двете русоокоси, предизвика замена на нивниот идентитет.
А, за да нема повеќе забуни и заблуди, Миа ја појасни фотографијата, со молба до пејачката: „Се моли Тамара Тодевска да се породи… фала и не сум јас… Тамара е!“