По бројните шпекулации за тоа дали Александра Пријовиќ во март догодина ќе се породи во Белград, во САД, или во некој друг европски град, популарната двојка конечно го прекина молкот и одлучи да проговори:
„Филип и јас решивме да се породам во Белград. Така е најдобро. На малиот Александар нема да му значи ништо во животот дали неговото место на раѓање е некој европски или град во Америка, а нашите клиники според стручноста се во рангот на светските. Покрај тоа, дома сме, и што и да на затреба, бргу ќе го решиме“ – вели Александра за српски “Информер”.
Породувањето во Белград особено ќе им значи на нивните семејства.
„Знам колку Филип и моето семејство се радуваат на доѓањето на бебето на свет. Ако се породам во Америка, веројатно неколку месеци не би можеле да се вратиме во Србија, а прашањето е дали сите тие ќе добијат визи за да нѐ посетат. Уште покомплицирано е нашите баби и дедовци да патуваат долго време, па решивме да сториме сé да завршиме во Белград. Среќен сум за тоа“ – рече пејачката кој додава дека таа нормално ќе го дои бебето, бидејќи мајчиното млеко е најздравото нешто.
Фото: Дамир Дервишагиќ / Инстаграм принтскрин