Српската пејачка Дара Бубамара периодов беше актуелна во медиумите поради навредите кои си ги упатуваа со Владо Георгиев, но откако изјави дека нема да го пријави во полиција – војната како да заврши.
Во емисијата „Викенд премиера специјал“, таа проговори за својот љубовен живот и најпосле ги прекина шпекулациите дали се уште е во врска со младиот кошаркар.
-Не, не е вистина, јас моментално сум сама, слободна и среќна, опкружена со своето семејство, а што се однесува на дворувачите околу мене, тоа е „луда куќа“, вели Дара и открива дека работи на нова песна.
-Работам дует со Французи, секако тоа ќе биде српско-француски дует, јас ќе пеам на српски, вели пејачката.