Радио Милева неминлива убавина

Наталија Грубовиќ повторно застана пред камера: Мама Натали блесна за на ТВ (фото)

Наталија Грубовиќ повторно застана пред камера: Мама Натали блесна за на ТВ (фото)

Поранешната Бинго девојка Наталија Грубовиќ откако се породи и на свет донесе девојче, својот живот го збогати во една нова димензија од убавините на мајчинството.

Иако одамна живее во Србија, познатата Македонка редовно е во Скопје кај своето семејство, а сега откако наследничката дојде на свет, посетите на моминскиот дом станаа почести.

Па така, убавата Натали деновиве беше на гости во Скопје, а таа прилика ја искористија екипата од ТВ магазинот „Бекстејџ“, чија поинуда Натали ја прифати да се појави пред нивната камера.

Како најава дека повторно ќе ја има на телевизија, Натали објави на својот Инстаграм профил држејќи го микрофонот со познатото лого на телевизискиот бренд. Облечена во црна комбинација со минимална шминка и фризура, Натали од своите следбеници доби ласкави комплименти за изгледот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nataligrubovic (@nataligrubovic) on

Што ќе проговори и какви детали од своето секојдневие ќе открие, останува да видиме. Инаку, Натали во 2016 вплови во брачните води со бизнисменот од Нови Сад, Дрен Глушац.

To top