Саша Ковачевиќ е во многу сериозна врска со бившата мисица Зорана Тасовац, која има ќеркичка од првиот брак. Но тоа не му пречи на пејачот како што и самиот открива, неговата партнерка да е совршена жена за него и да е неговата најголема поддршка. Тој зборуваше за тоа како тој и Зорана ја негуваат својата врска:
„Меѓу мене и Зорана не постојат тајни. Проблемите кои не мачат не ги туркаме под тепих, затоа што веруваме дека најдобар е оној однос кој е изграден врз цврсти темели. Отворено зборуваме за сè, и така ја негуваме нашата љубов. Ние сме свесни дека страста не може да да биде иста како на почетокот на врската, и затоа се обидуваме да најдеме начин да ја вратиме“ – вели Ковачевиќ.
Запрашан за потенцијалната женидба, Саша одговори со насмевка, какви се неговите планови на ова поле:
„Зошто да не, здравје Боже, да завршам со уште малку од обврските околу новите песни и големите концерти што следат, па ќе видиме од март. Ќе дојде и тоа на ред. Со оглед на тоа деками е неопходен одмор на кој наскоро ќе заминам со Зорана, можеби ќе ве израдуваме и со таа информација од некоја далечна и егзотични дестинација“ – рече Саша Ковачевиќ во изјава за српскиот „Стори“.