Во српските естрадни кругови однеодамна почна да се шушка дека на наследникот на Лепа Брена му се допаѓа една популарна српска фолк пејачка.
Доброупатените велат, Стефан Живојиновиќ и фрлил око на сексапилната Милица Павловиќ, па постојано ја следи на социјалните мрежи и ја лајкува ама баш секоја нејзина фотографија.
„Не знам дали Брена е запознаена и вклучена во овие настани, но кога седна снаа може да биде пејачка, зошто не би можело и другата? Стефан и Милица беа видени на еден настан, каде што буквално не се разделија еден од друг. Дали Милица разговараше со него за својот нов албум, а тој со неа за австралиската турнеја – не знам, но она што го знам е дека обајцата не ја симнаа насмевката од лицето. Очигледно, нешто тука се крчка. Милица е многу пробирлива, но се надевам дека за неа Стефан е полн погодок“ – изјавил за српските медиуми еден пријател на младиот Живојиновиќ.
Самиот Стефан не го крие своето воодушевување кога ќе се спомене името на Милица.
„Милица е одлична девојка, таа е многу вредна и успешна во својата работа. Таа се разликува од сите други, бидејќи секогаш внесува некои новини, се обидува да биде поинаква и успева во тоа“- воодушевено изјавил Живојиновиќ.
Таа пак, неодамна открила интересен детал и со тоа покажала дека почнала се’ повеќе и повеќе да се интересира и да го запознава Стефан.
„Стефан е културно и добро воспитано момче. Тоа што нон-стоп ми ги лајкува фотографиите, не значи ништо“ – изјавила Милица Павловиќ, при тоа потајно признавајќи дека го следи секој потег на синот на Брена.
Прашањето е дали набрзо ќе стигне и нова фолк снаа во семејството на Боба и Брена?