Мегафон вечерва во АРМ

Хит претставата „Украдена личност“ со Милан Лане Гутовиќ во Скопје

Хит претставата „Украдена личност“ со Милан Лане Гутовиќ во Скопје

По големата европска турнеја и турнејата во САД хит преставата која експресно ги распродава билетите, „Украдена личност, конечно ќе игра вечер, 01.12.2018 година во Домот на АРМ во Скопје!

Во претставата игра Милан Лане Гутовиќ, а неговите текстови се напишани потпирајќи се на текстот на Миленко Вучетиќ “Бараба”. Во претставата ќе го слушате и валцерот на Штраус. Билетите за преставата можете да ги набавите преку продажната мрежа на mktickets.mk . Организатор на претставата е „Бекстејџ медиа“.

Украдена личност” е приказ на моралната слика на практичната, модерната и прилагодлива личност, за која условите за постигнување на личните цели, се невообичаено лесни. Истите услови што нему му се лесни, за друга личност би биле целосно неприфатливи, бидејќи тие значат понижување и морална пропаст. Со спретност и дух на селски пробисвет, овој лик се приближува до Европската унија како кандидат за Претседател. Нему ниту еден поставен услов не му е воопшто тежок за исполнување, бидејќи ништо од тоа не го чини. Понудата за него е целосно прифатлива, а колаборацијата тој ја нарекува “соработка”.

Карактеристиките на овој лик апсолутно се поклопуваат со некои од актуелните клучни политички фигури кај нас, кои несомнено го красат нашето време и тешкиот политички момент во кој со години живееме. Се разбира, секоја сличност е случајна. само инспирацијата од истите – е намерна!

To top