Иако Кија Коцкар во една неодамнешна објава на Инстаграм ја нарече Луна лошотија и срам, нејзината мајка, пејачката Анабела вели дека не ја осудува.
„Не ме боли кога Кија ја нарекува Луна лошотија. И посакувам среќа. Знаете како велат, целта не избира средства. Важно е кој кажува, а не она што го кажува. Факт е дека она што Кија го кажува за Луна не зборува за Луна, туку само за Коцкар“ – вели Анабела и открива кои психички последици на Луна оставиле трага.
„Лунаа преживеа пекол минатата година. Не постои лек, ниту пилула која може да излечи болка после љубов. Моето дете имаше несоница, кошмари, клаустрофобија, агорафобија … За неа Задруга никогаш не заврши, од навреди од луѓе на улица, до закани и сè и сешто. Ние ја третиравме и сега е во ред, бидејќи се соочи со својот најголем демон со повторното влегување во Задруга2“ – вели Анабела и ја негира приказната на ќерка и дека семејството Ѓогани има големи финансиски проблеми.
„Луна заради грижа на совеста рече дека сака да ни помогне материјално. Нема потреба од тоа, зашто мојот сопруг работи, а јас постојано имам настапи“ – вели пејачката, на кој средбата со нејзината ќерка повторно и ја вдахна потребната сила.