Наташа Беквалац, благодарение на успешната музичка кариера, спаѓа меѓу една од најпопуларните пејачки во нашиот регион. Познато е дека нејзин верен следбеник и десна рака во кариерата е нејзината помлада сестра Кристина.
Кристина, моден дизајнер чии модели наташа најчесто ги носи и промовира, а неа јавноста ја запозна при учеството во реалното шоу „Survivor“. Таму Кристина собра многу симпатии, а очигледно е дека таа нималку не заостанува по својата убавина зад Наташа.
Постарата сестра на Наташа и Кристина Беквалац пак, се вика Драгана. Таа е исто така подеднакво убава и успешна, но откако ќе ги видите, со денови ќе зборувате за убавината на нејзините ќерки, двете прекрасни внуки на Наташа Беквалац.
Имено Драгана, најстарата од трите сестри Беквалац, од бракот со Михаил Шекуларац има две возрасни ќерки, кои исто така се меѓусебе многу поврзани, но кога станува збор за убавината, невозможно е да се утврди која од нив е поубава и кој од кого во семејството е сито така поубав! Драгана е и тоа како горда како на нејзините наследнички, така и на своите две помали сестри.
Сепак, едно е сигурно: Ако Наташа Беквалац е топ, а сестрите и се „авион“, тогаш внуките и се… „спејсшатл“!