Радио Милева

Кејти Холмс и Џејми Фокс планираат тајна венчавка во Париз?

Кејти Холмс и Џејми Фокс планираат тајна венчавка во Париз?

Иако со години ја кријат својата љубовна врска од очите на јавноста, Кејти Холмс и Џејми Фокс се подготвени да одат чекор понатаму, односно да се венчаат.

Како што открива извор близок на 39 годишната актерка  и познатиот добитник на Оскар парот својата врска сака да ја круниса со брак во градот на љубовта – Париз.

„Паризот е градот каде планираат да ја откријат својата врска. Џејми беше многу несигурен, но Кејти го убеди дека е време да се скраси, па затоа сега се подготуваат и официјално да потврдат“ вели изворот.

Наводно парот ја криел својата врска поради бракоразводната парница на Кејти Холмс и Том Круз каде што стои ултиматиум дека во следните неколку години името на актерката не смее да се поврзува со маж.

Бидејќи тој период помина, се појавија и први папарацо фотографии од Кејти и Фокс.

„Кејти долго време чекаше да се омажи за Џејми и сега му даде до знаење каде сака тоа да биде. Таа сака зимска венчавка во градот на светлината“.

Сите овие шпкеулации започнаа пред неколку недели кога Кејт беше фотографирана со дијамантски прстен на рака.

To top