Кога станува за парови на јавната сцена тука со сигурност може да ги вброиме победникот на „Големиот брат“, Дарко – Спејко и инфлуенсерката Љупка Митрова.
Парот е во врска повеќе од една година и уживаат во секој заеднички. На социјалните мрежи често објавуваат заеднички фотографии покажувајќи како уживаат во нивната љубов.
Од нивните следбеници често добиваат комплименти дека се совршен пар.
Меѓутоа, ако ги отворите „Инстаграм“ профилите на популарната двојка тогаш сиогурно ќе забележите дека немаат заедничка фотографија повеќе од еден еден месец.
Поточно последна нивна заедничка фотографија е објавена на 19/20 октомври.
Тоа можеби ќе покрене шпекулации и коментари дека популарниот пар раксинал и не се повеќе заедно. Меѓутоа, тоа се само гласини, вистината е сосема друга.
Имено, иако на социјалните мрежи немаат заедничка фотографија, тие се уште се во врска. Тоа го потврди и Митрова кога на „Инстаграм стори“ ја прашаа дали се уште е во врска со Спејко, таа одговори “да“.
Зошто парот не става заеднички фотографии не знаене, но едно е сигурно се уште постои љубов меѓу познатиот пар.