Радио Милева

Со празен паричник: Наташа Беквалац изгуби 25 илјади евра!

Со празен паричник: Наташа Беквалац изгуби 25 илјади евра!

Се ближи Нова година, а естрадните имиња на големо се подготвуваат да ги наполнат паричниците со хонорарите од новогодишните прослави.

Тоа нема да и се случи на Наташа Беквалац, која „изгуби“ 25 илјади евра бидејќи поради бременоста го откажа настапот во Зајачар.

Ната е во шестиот месец од бременоста, а најлудата ноќ во годината ќе ја помине со ќерката Хана и сопругот Лука во домашен амбиент.

-Ната го договори настапот пред да знае дека е бремена, а иако одлично се чувствува, таа смета дека е најдобро да биде дома, вели добро информиран извор и додава:

-Реши да се откаже и од породувањето во Виена, а тоа ќе го направи во државната болница во Белград, за да не ги комплицира нештата со чести патувања.

To top