Кија Коцкар е фатена како го посети Слобо Радановиќ во неговиот стан! Пејачката е снимена додека влегува во зградата во која се наоѓа станот на нејзиниот бивш сопруг, иако двајцата тврдат дека се во лоши односи и не се во контакт.
Како што беше соопштено во шоуто “Папарацо лов”, тим новинари дошол до веста дека Киа била во станот на Слобо, во кој наводно, дошла да земе микрофон.
Без разлика дали само микрофонот е причина за посетата на Кија или е нешто друго во прашање, односно дали постои некоја тајна врска помеѓу нив двајцата, останува да се види.
Како и да е, едно е сигурно: бившите сопружници сепак се гледаат… Со или без микрофонот в рака… Или каде веќе…?!
Фото: Дамир Дервишагиќ