Радио Милева

Кетрин Зита Џонс:„Семејството ни беше уништено по обвинението за сексуално вознемирување“

Кетрин Зита Џонс:„Семејството ни беше уништено по обвинението за сексуално вознемирување“

Убавата актерка Кетрин Зита Џонс раскажа како се носела со обвинението упатено на нејзиниот сопруг за сексуално вознемирување.

Кетрин Зита и славниот актер Мајкл Даглас се во брак веќе 18 години.

Заеднио минуваа низ разни тешкотии, а актерката сега раскажа колку тешко му било на целосто семејство кога една жена го обвинила Мајкл за сексуално вознемирување.

-Бевме уништени по три обвинувања. Не знаевме ни која е таа жена што го обвинува Мајкл. Со него тогаш имав сериозен разговор. Ги вклучив и децата во тој разговор, открива 49 годишната актерка и додава:

-Мајкл ми кажа дека нема тука ништо и дека времето ќе го покаже своето. Така и беше. Немаше никакви докази кои можат да ја потврдат таа приказна, вели Кетрин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) on

Мајкл Даглас една жена го обвини дека пред 32 години сексуално ја вознемирувал. Актерот беше во шок, особено поради своите деца. Му беше страшно важно синот и ќерката да не го етикетираат како сексуален предатор.

Кетрин и Мајкл имаат две деца, ќерката Сајрус (15) и синот Дилан (18).

фото: guliver/gettyimages

To top