Вил Смит снимаше видео во кое го киднапира Луис Хамилтон и го врзува за стол со идеја да го преземе неговиот идентитет и да се трка на Абу Даби Гранд При.
Смешното видео Хамилтон го објави на Твитер само половина час пред трката. Во видеото објаснува заврзан и наизглед преплашен, како за Вил ова е „животна прилика“.
-Ти веќе победи, остави малку и за другите, му објаснува актерот како никој нема да го препознае.
-Ти си црнец, јас сум, кој ќе ја види разликата, вели Смит.
You better win bro… ??? @MercedesAMGF1 pic.twitter.com/vgHNamIiKW
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) November 25, 2018
Снимката завршува така што Вил Смит заминува и го остава Хамилтон врзан.
-Подобро да победиш, вика Хамилтон по него.
Секако, се работи за шега на двајцата која добро ги насмеа фановите, а Хамилтон во трката повторно победи.