Ана Николиќ веќе некое време се подготвува да се врати на сцената со нов албум, но разводот со Раста ја кочи. Како што пишуваат српските медиуми, Раста на сите начини се обидува да ја саботира Ана, па ги моли соработниците да не и продаваат песни.
-Неодамна братот на Ана им се јави на двајца продуценти да си праша кога со Ана да дојде кај нив во студио за да се договорат околку соработка, а тие му кажаа да се јави за неколку дена. Веднаш го повикаа Раста кој наводно им кажал дека не му се допаѓа да соработуваат со поранешната сопруга и дека тој не сака таа да се врати на сцената. По неколку дена, како што пишува порталот, братот на Ана добил одговор дека не се заинтересирани да работат со нив, тврди извор за српски Телеграф.
Раста не контактирал само со нив двајца, туку и со други музички продуценти со кои е во доби односи. Така Ана останала без шанса да соработува со нив, а наводно ги повлекол песните кои таа веќе ги отпеала во студио.
Новинарите го повикаа братот на Ана за изјава, а тој не ги демантираше наводите:
-Рано е да зборуваме за албумот на Ана. Дури кога ќе биде се потврдено и кога работата ќе почне, тогаш сама ќе зборува за тоа, изјавува марко. Инаку, се шпекулира дека причината за разводот меѓу познатата српска двојка е ќерката на Миле Китиќ, Елена.