Иако е на прагот на прославата на седумдесеттиот роденден, Горан Бреговиќ зад себе има и тоа како бурен живот, кој кога би се преточил во филм, сигурно би бил еден од најгледаните.
Од моментот кога како тинејџер се појави во светот на музиката, па се до сега е предмет на обожување на поубавиот пол, а жените се’ уште не можат да ги смират страстите по харизматичниот музичар кој наведува дека живее момчешки живот.
Во една прилика изјави дека страста кон жените му се родила со само 17 години, кога свирел во еден стриптиз бар и бил горд што има можност да види повеќе голи жени од сите негови врсници заедно, во тоа време.
Во тоа време, се сплеткал со извесна Јасенка, кој ја запознал додека свирел во стриптиз-клубот. Од таа љубов се родила неговата прва ќерка Жељка, па така Брега во своите рани дваесетти години станува татко. Денес Жељка живее во Австралија и има две деца.
И половина век подоцна, покрај музиката, заведувањето и страста кон жените не стувнува. Откако стана славен со “Бијело дугме”, со многуте убавици на јавноста не сакаше да и се фали, ама затоа пак тие се фалеа со него. Првата јавна личност која не можеше да одолее на шармот на овој музичар е актерката Маја Сабљиќ, која призна дека за време на снимањето на филмот “Лични работи” во 1979 година, ја оставил без здив со својот став и става.Таа имаше само деветнаесет, а Бреговиќ десет години повеќе.
Во 80-тите, како новинар, Алка Вуица дојде во Сараево за да го интервјуира лидерот на “Бијело дугме” за загрепскиот магазин “Полет”. Таа толку му се додворувала, што пред почетокот на разговорот, Бреговиќ наводно ѝ рекол: “Ти не дојде на интервју, туку да се мажиш”, што беше почеток на нивните јавни перепирки. Во тоа време, многумина тврдеа дека постои некоја тајна врска меѓу нив, а наскоро Брега на Алка и го посвети и познатиот хит отпеан во дует со Бора – Чорба, “Pediculis pubis”, кој преведен од латински значи „срамни вошки“ или народски кажано „пицајзли“! Тогаш Алка многу му се налути и не зборуваше долго со Горан.
Музичарот во најголемиот зенит на славата не остана имун на најпопуларната манекенка во тогашна Југославија, Лилјана Тица, со која се забавуваше две години. Тие отворено зборуваа за нивната љубов во јавноста. Меѓутоа, по разделбата, манекенката откри дека врската била многу бурна и турбулентна и истакна дека таа била љубоморна и посесивна. Во спомен на оваа љубов, Брега и ја посвети песната “Битанга и принцеза”. Неколку години подоцна, Лилјана се омажии со богат Германец и ја напушти земјата.
Кога на Бреговиќ му здодеаа излетите, тој одлучи да се смири и да се скраси, па во 1993 година се ожени со Џенена Суџука, со којa сега има три ќерки.