Радио Милева

Во врска се од 1986, а 11 години се свршени: Пејачот и новинарката конечно се венчаа, а тој на сведбата беше во влечки (фото)

Во врска се од 1986, а 11 години се свршени: Пејачот и новинарката конечно се венчаа, а тој на сведбата беше во влечки (фото)

Заедно се 32 години, се свршија пред 11 години, а сега конечно го изговорија судбоносното „да“.

Пејачот на бендот „The Pogues“, Шејн Мекговен (60) се венча со новинарката Викторија Мери Кларк (52) со која е во врска од 1986 година.

Невестата носеше долг портокалов фустан, а на главата имаше венче од цвеќе, додека младоженецот носеше шешир, одело и ни помалку, ни повеќе, туку влечки.

FOTO: PROFIMEDIA

Двојката се венчаше во Копенхаген, а специјален гостин беше Џони Деп, кој со Мекговен се дружи веќе две децении.

FOTO: PROFIMEDIA

Иако планирале да се венчаат во тајност, Шејн и Викторија на крајот повикаа неколку пријатели и членови на семејствата и направија мала забава.

 

View this post on Instagram

 

@bella_freud @bella_freud_official thank you SO MUCH for the dress!!!

A post shared by Victoria Mary Clarke Coaching (@victoriamaryclarke) on

Со оглед на тоа дека Џони деп е и музичар, тој со својот бенд отпеа неколку песни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Mary Clarke Coaching (@victoriamaryclarke) on

Инаку, Мекговен стана познат во 80-тите и оттогаш привлекуваше внимание со своите расипани заби. Ситуацијата дополнително ја влоши консумирањето алкохол и дрога, па пред 10 години целосно остана без заби. Конечно се реши за забарска интервенција во 2015 година и доби соврешни заби, не сметајќи го едниот златен кој побарал да го има.

To top