Радио Милева

Тамара јавно ја пофали колeшката како ја пее „Довидување таго“ – еве за која станува збор

Тамара јавно ја пофали колeшката како ја пее  „Довидување таго“ – еве за која станува збор

Повеќето од пејачите на нашата домашна музичка сцена, добија пракса преку социјалните мрежи, особено Инстаграм, да запеат пред камерата од мобилниот и снимката да ја објават за фановите на своите профили или куси Инста-приказни.

Па така, веруваме дека поголем дел од вас ги следат дел од пејачите и сте забележале или слушнале некоја песна од нив. Ена од тие што постојатно знаат да им приложат мини концерт преку социјална мрежа на фановоте е и младата пејачка од Струмица, Александра Јанева, која за своите следбеници деновиве ја отпеа „Довидување таго“ од Тамара Тодевска.

Но, меѓу следбениците беше и Тамара која не го пропушти ова за јавно да и аплаудира на колешката за изведбата, а притоа несебично ја сподели и на својот профил.

Со оглед на тоа дека и двете одлично пејат, но Тамара е со долг стаж и важи за еден од најдобрите вокали кај нас, па оттука веруваме дека на Јанева и беше особено драго за пофалбата.

To top