Првата дама на САД, Меланија Трамп покажа како изгледа Божиќната декорација на Белата куќа.
Белата куќа наведува дека во декорацијата спаѓаат: дрво кое го сечеа членовите на семејството на американските војници кои починале во борба, полици над каминот со приказни за Њујорк, Сент Луис, Чикаго и Сан Франциско.
Овогодинешната тема која ја одбрала првата дама е „Американско богатство“, а Белата куќа е украсена со 29 елки, многу сијалички, повеќе од 12.000 панделки, 14.000 украси и драматична црвена шума.
Новогодишната елка која е висока 5,5 метри е украсена со плави ленти со златни детали.
Погледнете како изгледа домот на Меланија Трамп пред Новогодишните празници.








foto: Profimedia