Еден месец по сообраќајната несреќа пејачот Дарко Лазиќ се уште оздравува во болницата во Земун.
Меѓутоа, пејачот откако дозна дека ќе стане татко по вторпат има многу поголема мотивација да оздрави.
Неговата свршеница Марина Гагиќ на социјалните мрежи ја објави првата заедничка фотографија со некогашниот победник на „Ѕвездите на Гранд“
„Мој живот“, напиша Марина во описот на фотографијата.
Српските медиуми шпекулираат дека откако Лазиќ ќе оздрави планираат да заминат во странство, каде што наводно ќе се породи и Марина.