По шест месеци откако маскирани криминалци се обидоа да влезат во домот на Викторија и Дејвид Бекам, нивната вила повторно беше на мета.
„Ова изгледа како планирано, да биде ограбен домот додека тие не се тука“ вели извор близок на семејството Бекамови.
За среќа, никој не бил присутен во домот. Меѓутоа, по првата кражба семејството вработи обезбедување кое овојпат успеа да ги избрка крадците.
Популарниот пар размислува да вработи уште луѓе како обезбедување.
Оваа вила во близина на Оксфорд, Бекамови ја користат како викендичка.