Радио Милева

Приказната на Тајзи со куферот „бомба“ продолжува: „Сакаа да ми наметнат вина!“

Приказната на Тајзи со куферот „бомба“ продолжува: „Сакаа да ми наметнат вина!“

Минатата недела подготвен да полета кон Базел во Швајцарија, македонскиот пејач Драган Величковски или попознат како Тајзи, доживеал драма пред полетување на скопскиот аеродром. Случката следниот ден се појави во медиумите, а Тајзи потврди дека се соочил со таков проблем.

Преку Инстаграм кумановецот објави фотографија преку која покажа дека неговиот куфер експлодирал поради притисок на истиот, а експлозијата наводно настанала поради дезедоранс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi) on

Бидејќи веќе имал договорен настап, тој морал да си ги собере работите во кеса и да се качи на летот за да не го откаже настапот.

Неколку дена подоцна Тајзи за истата немила случка повторно се огласи преку социјалната мрежа, но овој пат со детали за настанатата ситуација. Сега, тој вели дека ќе ги тужи одговорните, а доколку го добие спорот парите ќе ги донира хуманитарно.

Меѓу патниците бил и раперот Панчо Шорти кој во коментар ја потврди случката како сведок.

Чекав на гејт многу брзо по оставањето на багажот и слушнав на врска дека ме бараат итно да се спуштам пред влезот на авионот имало голем проблем со мојот куфер. Сакаа да ми наметнат вина на мене, да ме наместат дека наводно сум носел нешто запаливо. Во куферот имав гардероба за настапот во Швајцарија и лекови за хронични болести кои секогаш ги носам со мене кај и да одам и никогаш немало никаков проблем и ништо од тоа не е забрането за транспорт. Знаев дека има некоја позадина, дека пробуваат да сокријат нешто и по брза постапка да ја замаглат вистината. Крајно непрофесионално однесување од страна на вработените при што дојде до голема расправија и летот каснеше 20 минути поради тоа. Ми кажаа ако сакам да направиме записник ќе морам да останам во Македонија да не летам. Ми направија додатен стрес, иако имам клаустрофобија и фобија од летање.
Но неможеш да спречиш човек да го направи она за кое што живее. Отидов со црна кеса за ѓубре во Базел со оштетена гардероба на аеродром и пак професионално го изработив настапот во Берн на кој имаше над 1000 луѓе.
Направивме одлична забава заедно со уште неколку колеги од македонската естрада.
Кога се вратив во Македонија го пријавив случајот кај надлежните служби на аеродромот и почна да се расветлува. По истрагата која ја спровеле всушност го прегазиле куферот со камиончето за транспорт на багажот и го влечеле под него до авионот, а неколку од вработените кои веројатно имаат одговорност за да не поднесам тужба токму поради тоа ми се нафрлија да ме убедуваат дека ја сум виновен. Многу патници видоа што се случуваше пред авионот и каков стрес и штета ми направија. Заминав така без лекови и оштетена гардероба да не зборуваме за нарушен углед и права,пак ќе напоменам со црна кеса за ѓубре. Ќе поднесам тужба до TAV I WIZZ AIR и ќе барам обештетување за ова, како и сите виновни да бидат санкционирани .
И покрај се јас сум само борец за вистината и слободата, а вие ако сте голема компанија ќе реагирате. Сите финансиски средства ќе ги донираме хуманитарно за девојче кое боледува од церебрална парализа и е на лечење со матични клетки во Русија. Ако има барем некој победник во сево ова, нека биде таа… Поздрав од Пироманот.

 

View this post on Instagram

 

Чекав на гејт многу брзо по оставањето на багажот и слушнав на врска дека ме бараат итно да се спуштам пред влезот на авионот имало голем проблем со мојот куфер.Сакаа да ми наметнат вина на мене,да ме наместат дека наводно сум носел нешто запаливо.Во куферот имав гардероба за настапот во Швајцарија и лекови за хронични болести кои секогаш ги носам со мене кај и да одам и никогаш немало никаков проблем и ништо од тоа не е забрането за транспорт.Знаев дека има некоја позадина,дека пробуваат да сокријат нешто и по брза постапка да ја замаглат вистината .Крајно непрофесионално однесување од страна на вработените при што дојде до голема расправија и летот каснеше 20 минути поради тоа.Ми кажаа ако сакам да направиме записник ќе морам да останам во Македонија да не летам.Ми направија додатен стрес иако имам клаустрофобија и фобија од летање. Но неможеш да спречиш човек да го направи она за кое што живее.Отидов со црна кеса за ѓубре во Базел со оштетена гардероба на аеродром и пак професионално го изработив настапот во Берн на кој имаше над 1000 луѓе. Направивме одлична забава заедно со уште неколку колеги од македонската естрада. Кога се вратив во Македонија го пријавив случајот кај надлежните служби на аеродромот и почна да се расветлува.По истрагата која ја спровеле всушност го прегазиле куферот со камиончето за транспорт на багажот и го влечеле под него до авионот а неколку од вработените кои веројатно имаат одговорност за да не поднесам тужба токму поради тоа ми се нафрлија да ме убедуваат дека ја сум виновен.Многу патници видоа што се случуваше пред авионот и каков стрес и штета ми направија.Заминав така без лекови и оштетена гардероба да не зборуваме за нарушен углед и права,пак ќе напоменам со црна кеса за ѓубре.Ќе поднесам тужба до TAV I WIZZ AIR и ќе барам обештетување за ова,како и сите виновни да бидат санкционирани . И покрај се јас сум само борец за вистината и слободата а вие ако сте голема компанија ќе реагирате.Сите финансиски средства ќе ги донираме хуманитарно за девојче кое боледува од церебрална парализа и е на лечење со матични клетки во Русија.Ако има барем некој победник во сево ова, нека биде таа… Поздрав од Пироманот Zee

A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi) on

To top