Српската старлета Станија Добројевиќ, пред два месеца ја напуштија “Задруга2” поради сздравствени проблеми и операција во САД, каде што сè уште се опоравува.
Од тогаш, Добројевиќ не се експонира премногу на социјалните мрежи, што е и договор со продукцијата на Пинк Телевизијата, бидејќи наскоро треба да се врати во реалното шоу. Сепак, таа одлучи да ги задоволи желбите на нејзините обожаватели.
Имено, тие беа многу заинтересирани за тоа како сега изгледа Станија во Америка, па таа одлучи да направи видео клип на таа тема насловен: Еден мој ден во Америка!
„Бидејќи ме прашувате најмногу за тоа како изгледа еден мој ден во Америка, колку тренирам, што правам, тука е видео на YouTube! Станувам секое утро во 7 и веднаш ги обувам патиките! Тогаш правам јога … Кога ќе завршам со тренингот и ритуалите на убавина, го започнувам денот со кафе! Го одредувам моето работно време и го организирам … ” – напишала старлетата во описот на овој видео клип. кој можете да го погледнете во продолжение.