Откако се разведе од својот поранешен сопруг, водителката на „Ѕвездите на Гранд“ , Сања Кужет не сака да зборува за својот приватен живот.
Меѓутоа, овојпат одлучи да си ја отвори душата и да раскаже за својата посилна половина.
Нивната љубов датира уште кога биле тинејџери, а се запознале на едно летување на Крит.
Десет години подоцна, Сања и Немања заедно се нашле во друштво и тоа бил пресуден момент да започнат врска.
Тие живеат заедно и ги одлгедуваат синовите, но не се венчани.
„Нашито статус е невенчани сопружници, нас ни е убаво. Можеби поради тоа што имав еден таков статус и моменталниот статус не ми е важен. Ние ја најдовме суштината, имаме заедница и ни е преубаво“ изјави Кужет во една емисија.
На крајот водителката истакна дека е можно да дојде до свршувачка и свадба.