И порано видовме дека тие двете се во одлични односи, а сега дружбата меѓу Викторија Бекам и познатата Србинка продолжи со појадок во Лондон.
Британската дизајнерка својата колешка од Србија ја покани на свечен појадок. Таа гостинка беше Маријана Матеус, која на Инстаграм откри каква храна се служи во Лондон.
На менито биле свежи печива, јогурт со кокос и кајгана со чаден лосос. Кога Викторија е домаќинка, тогаш внимателно избира со што ќе ги послужи своите гости.
Маријана и Викторија освен атрактивниот изглед, ги поврзува и љубовта кон модата, дизајнерката работа и одличниот стил.
View this post on Instagram
Минатата година беше гостинка на модната свеченост во организација на Викторија Бекам, а тогаш на социјалните мрежи се појави и нејзината заедничка фотографија со Дејвид.