За умешноста и влијателноста на единствената и неповторлива Лила Филиповска сме пишувале многупати. Тоа дека е ултра влијателна во светот на шоу-бизнисот и социјалните мрежи познато им е на сите, особено на оние кои сакаат да го рекламираат својот бренд и производ.
Затоа Лила секојдневно има нови рекламни кампањи кои речиси нема таков што не ги видел и не ги знае.
Иако е од оние што не сакаат постојано да ги има во медиумите, особено ако тоа не е со некоја причина или како што велат познатите секојдневно да „излегуваат од фрижидер“, Лила доста успешно знае како да го презентира она за што е ангажирана.
Па така, на една од последните кампањи на која рекламира накит, Лила го собра целото внимание, што со накитот, што со бујните гради кои дополнително ги истакна.
Секако, за жените во фокусот беа парчињата накит, а пак за оние од посилниот пол – нејзините маркантни атрибути кои таа и тоа како добро знае да ги нагласи со мера и стил.