Кога се пее од душа и со полно срце емоција, а дополнително Бог ќе го дари талентот и прекрасниот глас, тогаш изведбата допира најсилно.
Токму таквите изведувачи стануваат поблиски на публиката, поради поистоветувањето со емоциите, случките, љубовта… Таков отсекогаш бил и се уште е нашиот поп-пејач Влатко Лозаноски –Лозано кој уште откако се појави на домашната естрада плени со својот моќен, а во исто време нежен вокал кој ги „топи“ срцата на обожавателите.
Секоја негова песна се пее од почеток до крај, дури и оние новоиздадените за инстант кусо време веќе ги знаат сите, од 7 до 77.
View this post on Instagram
Лозано слободно можеме да го ставиме во категорија на пејачи што ненаметливо, скромно и само преку песна знаат да ја освојат публиката. Доказ за тоа се многуте негови отпеани хитови низ годините, од „Сонце не ме грее“, „Како тебе нема друга“, „Бонбона“, „Мандарина“, „Јако, јако“, „Километри“ и секако најновата „Надеж“ која моментално е една од најслушаните македонски забави песни.
Лозано има пракса своите обожаватели редовно да ги чести со видеа од изведби снимени во домашна атмосфера, а на истите тој не само своите песни, знае да отпее и странски, но и домашни песни од колегите.
Секое негово видео има илјадници прегледи и коментари во кои фановите без резерва знаат да му ги препишат наискрените комплименти. На последното такво видео кое го објави, Влатко со затворени очи ја пее „Надеж“, а за истото доби комплименти и пофалби до негоглед.
Токму публиката преку тие коментари заклучи дека Влатче е полн со емоции кои знае преку песна да ги сподели така моќно што ретко кој би останал рамнодушен.
Доколку досега не сте погледнале и слушнале некои од домашните видеа на Лозано, тогаш драго Ви препорачуваме да го следите на Инстаграм и да уживате во неговите изведби.