Поминаа пет дена од официјалната потврда дека се свршиле Кристијано Роналдо и Георгина Родригез.
Парот бил виден како разгледува потенцијата црква во која би се венчале, а станува збор за„ Gran Madre di Dio“ во Торино.
Градбата е од 19ти век во неокласичен стил, а се има појавено во филмот „Italian Job“.
Кристијано отсекогаш истакнува дека е воспитан како католик и важно му е да има венчавка во црква.
Георгина веќе и започнала да пробува венчаници. Во подготвка на свадбата се вклучени мал број на луѓе.
Роналдо и Георгина се запознале во 2016 година кога Роналдо купувал летна облека во продавница во Мадрид каде работела Родригез.