Познатата турска актерка и модел Елчин Сангу, изминатиот период работеше на нова серија „Caerisma“, а за магазинот Be Style раскажа интересни детали за себе и новата улога.
-Приказната говори за четири ликови чии животи се испреплетени по сударот на четири автомобили. По тоа случување судбината нема да ги раздели. Кога го прочитав сценариото, сфатив дека секој лик е добро опишан и тоа ме привлече. Исто така многу ми се допадна приказната.
За својот лик во серијата:
-Зејнеп е директор на банка, успешна деловна жена, мажена е и има ќерка која и е се на светот. Таа кон сите се однесува како потенцијална опасност. Колку е успешна на работно поле, толку е плашлива и таинствена приватно. Несреќата која ќе се случи, ќе и го промени целиот живот. Ќе дознае колку е силна како жена, вели актерката.
На прашањето која личност би сакала да ја глуми во својот живот, вели:
-Би сакала да ја глумам принцезата Дајана.
Инаку, за потребите на новиот фил, Елчин ја затемни и скрати косата, па изгледа сосема поразлично од онаа дефне која ја запознавме на ТВ екраните.