Радио Милева суперталент

Портрет на подарок: Ја наслика хрватската пејачка со гол „патлак“ (ВИДЕО)

Портрет на подарок: Ја наслика хрватската пејачка со гол „патлак“ (ВИДЕО)

Во втората полуфинална емисија на хрватската верзија на светското шоу „Суперталент“,  се појави како изненадување, но, само преку видеоекранот, голиот сликар од Канада, Брент Реј Фрејзер.

Тој го покажа портретот кој и го насликал на хрватската пејачка Маја Шупут и ги остави сите во студиото без текст.

Фрејзер не можеше да дојде во студиото, но и испрати на Маја портрет како подарок и ја воодушеви, а потоа преку видео им се обрати на другите членови на жирито, кои беа вчудовидени.

Стриперот-уметник со своето прво појавување во оваа шоу програма привлече големо внимание, кога излезе на сцената целосно гол, а со себе носеше само платно, а кога се фати за работа, сите присутни во студиото како и ТВ гледачите останаа во шок.

Поради невообичаената техника на сликање, потоа Фрејзер стана многу популарен.

Тој тврди дека неговата техника е болна и не препорачува некој да ја користи својата „алатка“ како четка за сликање.

„Сликарскиот алат“ му е осигуран, но на вредност многу помала од онаа на нозете на Дејвид Бекам или задникот Џенифер Лопез.

Погледнете ја реакцијата на жирито кога голиот сликар се појави на видеоекранот и го покажа она што го насликал со својот „патлак“:

https://www.youtube.com/watch?v=ey9qqpbxVpQ

To top